AML

Anti-Money Laundering (AML)

Согласно законската регулатива, финансиските организации се должни да изработат и спроведуваат Програма за СППФТ. Програмата за СППФТ треба да кореспондира со меѓународната и домашната регулаторна рамка, а особено треба да опфати:

  • Идентификација на ризиците поврзани со клиентите и продуктите;
  • Идентификација на трансакциите ризични за СППФТ и поставување на индикатори за сомнителни трансакции;
  • Следење на статусните и другите промени кај клиентите;
  • Систем за известување до Управата за СППФТ;
  • Редовни обуки за вработените;
  • Периодични контроли за ефективноста на спроведувањето на програмата за СППФТ.

Како резултат на своето долгогодишно искуство и врвна експертиза во доменот на деловната усогласеност, Нет.Бит може да понуди услуги за изработка на програма за СППФТ која ќе ги опфати сите погоре наведени аспекти, вклучувајќи ги и потребните анализи, оперативни упатства и други документи.

Повеќе: AML

FATCA

Сите финансиски организации во светот ќе бидат афектирани од обврската за спроведување на Законот за даночна усогласеност на странските сметки на САД (Foreign Account Tax Compliance Act - FATCA).

Барањата кои произлегуваат од FATCA во врска со идентификација на клиентот и класификација, документација на комерцијалниот однос како и статутарни известувања на даночните власти на САД (Internal Revenue Services - IRS),  како и националните даночни власти, одат многу подалеку од сегашните стандарди.

Во моментов, повеќето финансиски организации се ангажирани во изработката на стратешки - прелиминарни документи кои треба да се усогласат со FATCA и во разгледување на опциите за имплементација на истите.

 

Embargo

Siron EMBARGO

Проверка на извршителите на трансакциите со т.н. „црни листи“

Спречувањето на финансирањето на терористичките организации е дополнителна одговорност на банките во усогласувањето со регулативата за СППФТ. Трансакциите се проверуваат дали се поврзани со меѓународни листи на лица поврзани со тероризам и трансакциите се блокираат. Siron Embargo го пребарува налогодавачот/налогопримачот на трансакциите по т.н. „црни листи“ (имиња и називи на терористи, терористички организации или криминалци). Притоа се користат голем број на меѓународни листи како што се:

  • OFAC - Office of Foreign Assets Control : US Department of the Treasury;
  • CFSP - EU Common Foreign Security Policy;
  • HMT - Her Majesty‘s Treasury;
  • UN - United Nations 1267 Committee's Consolidated List;
  • Federal Gazette (Bundesanzeiger);

Повеќе: Embargo

KYC

KYC – Know Your Customer – класификација на клиенти

Интегрирана проценка на ризик за нови и постоечки клиенти

Согласно меѓународните регулативи, банките се задолжени да соберат точни податоци за физичките и правни лица заедно со податоците за нивни овластени лица за да се оцени нивото на ризик на клиентот. Високо ризичните клиенти, банките мораат да ги одбијат за соработка. За оваа цел, SironKYC користи бази на податоци на трети страни со однапред поставени поврзувања:

  • Црни и други санкциски листи
  • Податоци за ПЕП (јавни личности поврзани со политика)
  • Информации за сопственичка структура на компании

Повеќе: KYC

RAS

SironRAS (Risk Assesment)

Проценка и управување со ризици за СППФТ

SironRAS им помага на банките да ја креираат својата анализа на ризици и постојано да ја развиваат понатаму. Идентификацијата, категоризацијата и проценката на ризиците за СППФТ се основа за сите понатамошни активности во банката за започнување и креирање на сеопфатни програми за анализи. Се воведуваат конкретни организациски и ИТ ориентирани мерки. Ова не се однесува само на индивидуалните контроли за ризиците од перење на пари. Фокусот на најбитните ризици исто така резултира со заштеди преку ефикасна алокација на ресурси и подлабоки проверки. Интегрирани работни чекори со проценка на ризиците низ сите оддели, документација за ревизорски проверки, како и опции за оценка на клиентите само ја надополнуваат вкупната слика.

Повеќе: RAS

Репорт генератор

Репорт Генератор е модул за генерирање извештаи со одреден формат потребни за усогласување со регулативата за спречување на перење на пари и финансирање тероризам. Лесно се интегрира во постоечката околина и работи на повеке платформи (Windows, Linux, Oracle, MS SQL…).

Врз основа на одредени влезни параметри се генерираат повеке типови на дневни и  месечни извештаи:

  • Превземање на податоци кои задоволуваат однапред дефинирани критериуми;
  • Превземање на податоци од веке дефинирани сомнителни случаи во АМЛ системот;

За секој креиран извештај Репорт Генераторот креира запис во основниот АМЛ систем кој што што е неопходно за идни истражувања, креирање статистики, профилирање и ревизорски проверки.

 

Additional information