AML

Anti-Money Laundering (AML)

Согласно законската регулатива, финансиските организации се должни да изработат и спроведуваат Програма за СППФТ. Програмата за СППФТ треба да кореспондира со меѓународната и домашната регулаторна рамка, а особено треба да опфати:

  • Идентификација на ризиците поврзани со клиентите и продуктите;
  • Идентификација на трансакциите ризични за СППФТ и поставување на индикатори за сомнителни трансакции;
  • Следење на статусните и другите промени кај клиентите;
  • Систем за известување до Управата за СППФТ;
  • Редовни обуки за вработените;
  • Периодични контроли за ефективноста на спроведувањето на програмата за СППФТ.

Како резултат на своето долгогодишно искуство и врвна експертиза во доменот на деловната усогласеност, Нет.Бит може да понуди услуги за изработка на програма за СППФТ која ќе ги опфати сите погоре наведени аспекти, вклучувајќи ги и потребните анализи, оперативни упатства и други документи.

Повеќе информации

Additional information