FATCA

  • Печати

Сите финансиски организации во светот ќе бидат афектирани од обврската за спроведување на Законот за даночна усогласеност на странските сметки на САД (Foreign Account Tax Compliance Act - FATCA).

Барањата кои произлегуваат од FATCA во врска со идентификација на клиентот и класификација, документација на комерцијалниот однос како и статутарни известувања на даночните власти на САД (Internal Revenue Services - IRS),  како и националните даночни власти, одат многу подалеку од сегашните стандарди.

Во моментов, повеќето финансиски организации се ангажирани во изработката на стратешки - прелиминарни документи кои треба да се усогласат со FATCA и во разгледување на опциите за имплементација на истите.