Датацентар - IT Outsourcing

  • Печати

IT Cloud услуги за деловни клиенти

ITCloud (облак) претставува стратешка промена во начинот на функционирање на ИТ. Преку воведувањето на оваа новина, ИТ може подобро да одговори на растечките потреби и да биде пофлексибилен кон деловните барања. Концептот на IT Cloud ја зголемува ефикасноста и агилноста на ИТ, а истовремено ги намалува оперативните ризици во било која организација. Најважно од сѐ, IT Cloud услугите го прават работењето понадежно, без притоа да се наруши безбедноста или усогласеноста на системите.

 

Видови на услуги

Infrastructure as a Service (IaaS), Platform as a Service (PaaS) и Software as a Service (SaaS) се типичните услуги кои можат да се понудат во IT Cloud. Во Нет.Бит Датацентар ги нудиме сите овие можности, заедно со нашите партнери за деловни решенија. Но, покрај овие услуги, во Нет.Бит Датацентар има можности за користење на сервиси за безбеден бекап, хостирање (колокација) на опрема, како и други услуги карактеристични за традиционалните датацентри. 

Клиентите по правило и самите го надградуваат користењето на ИТ услугите, со тоа што почнуваат поскромно, за подоцна да вклучуваат сѐ поголем број на услуги. 

 

Private Cloud Систем

Испораката на услуги ја реализираме преку 3 систем-сали на 2 различни локации: две во Велес и една во Скопје*. Секој од трите системи е внатрешно редундантен (тнр. no-single-point-of-failure), и обезбеден со агрегати за напојување, физичко и техничко обезбедување, противпожарна заштита, и други средства. Сите системи се поврзани со редундантни линкови, и со користење на VMWare софтвер за управување. Во целост, се работи за тнр. “приватен облак” (private cloud), во кој во договор со корисникот строго се контролира начинот на користење и дистрибуција на ресурсите и сервисите. Ова е особено важно за клиентите на кои им е потребно да обезбедат ревизорска трага, или кои оперираат со збирки на лични или други доверливи податоци.

Оваа дистрибуирана и робустна архитектура обезбедува висока достапност на системите, која кај некои клиенти достигнува до 99,995% годишно, што значи вкупно време на недостапност на системот од 26 минути годишно.

 

Експертиза

Вработените во Нет.Бит Датацентар се носители на разни стручни сертификати од водечките светски производители на опрема и софтвер. Уште поважно, тие како експерти работат ширум светот за водечки финансиски, телеком, и други поголеми организации и целото тоа искуство го пренесуваат во работењето на Нет.Бит Датацентар.

Експертизата што ја добивате од Нет.Бит со 5-годишното искуство во испорака на ИТ услуги и 10-годиш-ното искуство во испорака на проекти за усогласеност.