Усогласување со Правилникот за минималните стандарди на информациските системи на друштвата за осигурување

Во насока на усогласување со Правилникот за минималните стандарди на информациските системи на друштвата за осигурување донесен од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување, Ви нудиме:

- Услуги за воведување на интерни акти, процедури и безбедносни мерки во врска со информацискиот систем.

Повеќе: Усогласување со Правилникот за минималните стандарди на информациските системи на друштвата за...

Управување со квалитет ISO9001

Системи за управување со квалитетот

Net.QMS е решение на Нет.Бит за воведување на системи за управување со квалитетот во организациите според стандардот ISO9001:2000.

Управувањето со квалитетот всушност значи управување со деловните процеси, континуирано подобрување, систематско планирање и мерење на резултатите

Управување со IT услуги ISO20000

Решенија за управување со информатичките сервиси

Net.ITSM претставува разбирливо решение за имплементацијата на ITIL кое се базира на BS15000/ISO20000* стандардите. ITIL (IT Infrastructure library) претставува препорака за најдобра пракса за организација во испорака на ИТ услуги, односно Систем за управување со ИТ услуги (ITSM IT Service Management) во кој се дефинирани процесите, нивната меѓусебна поврзаност и дефинирање на улогите на учесниците во тие процеси. Целта е да се имплементира целосен систем за управување со ИТ услуги, не поединечни процеси.

Управување со ИС ISO27000

Системи за управување со безбедноста на информациите

Net.InfoSec е решението на Нет.Бит за имплементација на системи за управување со безбедноста на информациите и деловните процеси во фирмите и институциите со цел да се намалат оперативните ризици во делувањето.

Повеќе: Управување со ИС ISO27000

Управување со ж.с. ISO14000

Консултации за имплементирање на Систем за управување со животната средина согласно барањата на стандардот ИСО140000.

Преку работилници и обуки, компаниите воспоставуваат постапки и процедури во насока на зачувување на животната средина.

Повеќе: Управување со ж.с. ISO14000

Ревизија на системи за ЗЗЛП

Обврските што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци предвидуваат стриктни контроли за начинот на прибирање, чување и користење на личните податоци, како и мерки кои треба да придонесат за воспоставување и одржување на систем во организациите за заштита на личните податоци. 

Повеќе: Ревизија на системи за ЗЗЛП

Ревизија на IT

Проверка на процесите поврзани со испораката на ИТ сервисите како за интерни потреби, така и кон надворешни клиенти заради оптимизирање на трошоци, унапредување на работните процеси во ИТ одделот и максимизирање на деловните можности на компаниите.

Повеќе: Ревизија на IT

IT Планирање и проектирање

При планирањето на ИТ особено е важно да се познаваат трендовите и индустриските стандарди. Погрешна инвестиција во погрешен избор на решенија може да предизвика долгорочни негативни ефекти во работењето и дополнителни трошоци. Затоа е особено важно при планирањето на ИТ да се одбираат најсигурните и потврдени решенија, за да се постигне оптимална економичност и брз поврат на инвестициите во нови ИТ системи.

Повеќе: IT Планирање и проектирање

Additional information