Ревизија на системи за ЗЗЛП

Обврските што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци предвидуваат стриктни контроли за начинот на прибирање, чување и користење на личните податоци, како и мерки кои треба да придонесат за воспоставување и одржување на систем во организациите за заштита на личните податоци. 

Во насока на усогласување со одредбите од ЗЗЛП, во можност сме да Ви понудиме соработка: 

  • Советодавни услуги за воведување на соодветни интерни акти и безбедносни мерки, и 
  • Редовни независни надворешни контроли на заштитата на личните податоци.

Нет.Бит е регистрирана куќа кај Дирекцијата за заштита на лични податоци на РМ за вршење на надворешна контрола на информацискиот систем и информатичката инфраструктура согласно Закон за заштита на лични податоци и располага со обучени лица согласно нивните стандарди.