Усогласување со Правилникот за минималните стандарди на информациските системи на друштвата за осигурување

Во насока на усогласување со Правилникот за минималните стандарди на информациските системи на друштвата за осигурување донесен од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување, Ви нудиме:

- Услуги за воведување на интерни акти, процедури и безбедносни мерки во врска со информацискиот систем.

- Во соработка со Вашиот ИТ тим и Одборот за ризици на ИС ќе се разработат следниве точки од Правилникот:

  • Стратегија за развој на информацискиот систем,
  • Методологија за анализа на ризиците и проценка на ризиците (Risk Assessment),
  • Анализа на влијанијата на работењето (Business Impact Analysis - BIA),
  • Изработка на план за план за деловен континуитет (Business Continuity Plan - BCP),
  • Политика за безбедност на ИС,
  • Kонтроли за пристап до ресурсите на ИС,
  • Методологија за управување со проекти,
  • Процедура за управување со надворешни добавувачи,
  • Процедура за креирање и чување на резервна копија на податоците на информацискиот систем

Нет.Бит е компанија со 9-годишно искуство во управувањето со информативните системи (ИС), безбедност на информациите и деловен континуитет. Нашите експерти се меѓународни ревизори и тренери во оваа област и работат и за странски акредитирани сертификациски организации.