Нет.Бит

Нет.Бит е приватна фирма за консалтинг и информатички инженеринг. Основана е во 2006-та година, главно од тим на профеционалци кои работеле заедно уште од 2002. Седиштето на Нет.Бит e во Скопје, а канцеларии има и во Велес.

Нашата визија е да станеме водечка регионална фирма во испорака на информатички услуги и деловен консалтинг.

Нашата мисија е да градиме партнерски односи со клиентите во разбирањето и решавањето на нивните деловни потреби со изнаоѓање на напредни ИТ решенија кои ќе им обезбедат поголема конкурентност, квалитет и раст на нивниот бизнис. 

Наши клиенти главно се банки, финансиски институции, телеком оператори и други поголеми организации. 

Производ на Нет.Бит се деловен консалтинг за системи и стандарди за управување, услуги за деловниот континуитет, и системи за спречување на перење на пари. Нашите производи се од стратешка важност за нашите клиенти.

 

Нет.Бит е организиран во три деловни сегменти:

  • Деловен консалтинг за управувачки стандарди за квалитет  (ISO9001), животна средина  (ISO14000), безбедност на информации  (ISO27000), деловен континуитет  (ISO22301), информатички услуги  (ISO20000), и заштита на лични податоци. 
  • Датацентар е деловна единица лоцирана во Велес која на клиентите им дава услуги за хостирање и колокација на информатички системи, како и складирање на податоци, работа на апликации и деловни ИТ операции. 
  • Испорака, интеграција и поддршка на системи за усогласеност, управување со ризици и спречување на перење на пари врз основа на софтверските решенија на нашиот партнер Тонбелер АГ - Германија.   

Главната одлика и инвестиција на Нет-Бит е високо-обучениот и професионален тим. Преку постојана едукација и тесна соработка со нашите странски партнери, Нет-Бит ги следи сите светски трендови и ги испорачува услугите според највисоките светски стандарди.

 

Дополнителна информација