Нет.Бит е приватна фирма за консалтинг и информатички инженеринг. Основана е во 2006-та година, главно од тим на профеционалци кои работеле заедно уште од 2002. Седиштето на Нет.Бит e во Скопје, а канцеларии има и во Велес.
Нашата визија е да станеме водечка регионална фирма во испорака на информатички услуги и деловен консалтинг.
Нашата мисија е да градиме партнерски односи со клиентите во разбирањето и решавањето на нивните деловни потреби со изнаоѓање на напредни ИТ решенија кои ќе им обезбедат поголема конкурентност, квалитет и раст на нивниот бизнис.
Наши клиенти главно се банки, финансиски институции, телеком оператори и други поголеми организации.
Производ на Нет.Бит се деловен консалтинг за системи и стандарди за управување, услуги за деловниот континуитет, и системи за спречување на перење на пари. Нашите производи се од стратешка важност за нашите клиенти.
Главната одлика и инвестиција на Нет-Бит е високо-обучениот и професионален тим. Преку постојана едукација и тесна соработка со нашите странски партнери, Нет-Бит ги следи сите светски трендови и ги испорачува услугите според највисоките светски стандарди.