KYC
KYC – Know Your Customer – класификација на клиенти
Интегрирана проценка на ризик за нови и постоечки клиенти
Согласно меѓународните регулативи, банките се задолжени да соберат точни податоци за физичките и правни лица заедно со податоците за нивни овластени лица за да се оцени нивото на ризик на клиентот. Високо ризичните клиенти, банките мораат да ги одбијат за соработка. За оваа цел, SironKYC користи бази на податоци на трети страни со однапред поставени поврзувања:
- Црни и други санкциски листи
- Податоци за ПЕП (јавни личности поврзани со политика)
- Информации за сопственичка структура на компании
Клучни функции:
- Флексибилна интеграција со постоечки процеси на евиденција на клиенти;
- Усогласеност со задолжителната темелна анализа на клиентите за утврдување на нивото на ризик;
- Самостојно креирање на динамички прашалници за евиденција на клиенти;
- Клиентските информации се проверуваат во однос на црни и останати снакциски листи за идентификација на криминалци;
- Класификација во „реално време“ преку вообичаени и сопствени правила;
- Поврзаност со SironAML за откривање на отстапувања од иницијалните податоци и класификација според однесувањата на клиентитe;
- Стандардизирно поврзување на податоците со банкарските апликации за проверка на постоечките клиенти.