Управување со деловен континуитет

Управување со деловен континуитет

Деловниот континуитет е составен дел од повеќе менаџмент системи, како што се управувањето со ризици, управување со безбедност на информации и испорака на ИТ сервиси. Стандардот ISO22301 е применлив за сите видови на индустрии. Деловниот континуитет опфаќа градење и подобрување на отпорноста на работењето (од поголеми прекини), идентификација на клучните производи и услуги, како и утврдување на најитните активности кои ги опслужуваат истите. 

Дефиниција за управување со деловен континуитет – ДК (Business Continuity Management) согласно ISO 22301
Деловниот континуитет цели да ги обезбеди интересите на организацијата и нејзините клучни засегнати страни, со заштитување на критичните деловни функции во однос на претходно утврдени поголеми прекини.

– Холистички менаџмент процес
– Рамка за истрајност и реактивност
– Обезбедување на интересите на клучните засегнати страни
– Идентификација на потенцијални ризици, закани и влијанија.

Деловни предности од управувањето со деловниот континуитет
– Подобрување на издржливоста на работењето (бизнисот) – 86%
– Заштита на репутација – 74%
– Задоволување на клиентските потреби – 72%
– Помага организацијата по настанатиот инцидент, побрзо да се врати во нормална состојба 85% 
Дефинирањето на управувањето со деловниот континуитет може да се усогласи, имплементира, одржува и провери во однос на  барања во законска регулатива (пр. Закон за заштита на лични податоци, НБРМ итн) или некои поконкретни стандарди за определена индустрија, а најмногу детали се опишани во меѓународните стандарди ИСО 22301, ИСО27001, ИТИЛ-ИСО 20000, BCI насоки за најдобра пракса, BS 25999 и други организации.