Датацентар

Користењето на Нет.Бит Датацентар овозможува лесни и брзи надградби, со оглед на расположливите капацитети и нивната дистрибуираност на повеќе физички локации

Нашите Решенија

Деловен континуитет (ДРЛ)

Net.BCM
Управување со деловниот континуитет
Net.BCM (Business Continuity Management) претставува логичен редослед на активности кои е потребно да се превземат за да се задоволат барањата искажани со имплементацијата на ISMS, а воедно претставува и неопходна појдовна основа при имплементација на најдобрата пракса за управување со ИТ сервисите согласно ITIL (ITSM).

Датацентар - Managed Services

ITCloud (облак) претставува стратешка промена во начинот на функционирање на ИТ. Преку воведувањето на оваа новина, ИТ може подобро да одговори на растечките потреби и да биде пофлексибилен кон деловните барања. Концептот на IT Cloud ја зголемува ефикасноста и агилноста на ИТ, а истовремено ги намалува оперативните ризици во било која организација. Најважно од сѐ, IT Cloud услугите го прават работењето понадежно, без притоа да се наруши безбедноста или усогласеноста на системите.

Factsheets

Дајнерс Клуб Македонија

Во 2009 година Дајнерс Клуб реши да пренесе дел од своите ИТ операции во Нет.Бит Датацентар. Како еден од првите договори воопшто во Македонија за пренесување на ИТ услугите на надворешен добавувач (IT Outsourcing), одговорноста и посветеноста на вработените во двете компании беше уште поголема

ПРИЛАГОДЛИВОСТ

Користењето на Нет.Бит Датацентар овозможува лесни и брзи надградби, со оглед на расположливите капацитети и нивната дистрибуираност на повеќе физички локации.

ФИКСНИ ТРОШОЦИ

За една фиксна цена, Нет.Бит Датацентар обезбедува користење на договорената инфраструктура, комуникации, системски софтвер, одржување, бекап, системска администрација и регулаторна и процесна усогласеност. Со тоа, опера-тивните трошоци на клиентите се намалуваат и се под целосна контрола.

ФИНАНСИРАЊЕ

Набавката на нови софтверски лиценци или специјална опрема по барање на нашите клиенти ја реализираме преку разни модели на финансирање и лизинг.

БЕЗБЕДНОСТ

ИТ услугите се испорачуваат согласно меѓународните стан-дарди за управување: со квали-тетот ISO9001, со безбедноста на информации ISO27001 и со информатички услуги ISO20000. Покрај тоа, исполнети се и регулативите за заштита на личните податоци.

Препораки

Закажи Термин Со Нашите Експерти

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.