Деловен Консалтинг

Деловен консалтинг за управување со деловните процеси со цел континуирано подобрување на работењето на Вашата организација, подигнување на нивото на свесноста и посветеноста на вработените, и задоволување на регулаторните барања – сегашни и идни.

Нашите Решенија

Управување со IT услуги

Управување со IT услуги ISO20000

Решенија за управување со информатичките сервиси

Net.ITSM претставува разбирливо решение за имплементацијата на ITIL кое се базира на BS15000/ISO20000* стандардите.

Системи за управување со безбедноста на информациите

Управување со ИС ISO27000

Net.InfoSec е решението на Нет.Бит за имплементација на системи за управување со безбедноста на информациите и деловните процеси во фирмите и институциите со цел да се намалат оперативните ризици во делувањето.

Управување со лични податоци

ISO 27701

претставува меѓународно прифатен стандард кој поставува рамка за систем за управување со лични податоци. Имплементирање на ваков систем, во согласност со барањата поставени од ISO27701 им помага на организациите да прават тековна проценка и да ги намалат ризиците поврзани со процесот на собирање, одржување и обработка на личните податоци. Овој стандард е соодветен за секаков тип и обем на организации, особено оние кои како дел од своите активности управуваат со голем спектар на информации.

Закон за заштита на лични податоци

Обврските што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци предвидуваат стриктни контроли за начинот на прибирање, чување и користење на личните податоци, како и мерки кои треба да придонесат за воспоставување и одржување на систем во организациите за заштита на личните податоци. 

Управување со деловен континуитет

Деловниот континуитет е составен дел од повеќе менаџмент системи, како што се управувањето со ризици, управување со безбедност на информации и испорака на ИТ сервиси. Стандардот ISO22301 е применлив за сите видови на индустрии. Деловниот континуитет опфаќа градење и подобрување на отпорноста на работењето (од поголеми прекини), идентификација на клучните производи и услуги, како и утврдување на најитните активности кои ги опслужуваат истите. 

Управување со квалитет

Управување со квалитет ISO9001

Системи за управување со квалитетот

Net.QMS е решение на Нет.Бит за воведување на системи за управување со квалитетот во организациите според стандардот ISO9001:2000…

Управување со ж.с.

Управување со ж.с. ISO14000

Консултации за имплементирање на Систем за управување со животната средина согласно барањата на стандардот ИСО140000.

Ревизија на IT

Проверка на процесите поврзани со испораката на ИТ сервисите како за интерни потреби, така и кон надворешни клиенти заради оптимизирање на трошоци, унапредување на работните процеси во ИТ одделот и максимизирање на деловните можности на компаниите.

IT Планирање и проектирање

При планирањето на ИТ особено е важно да се познаваат трендовите и индустриските стандарди. Погрешна инвестиција во погрешен избор на решенија може да предизвика долгорочни негативни ефекти во работењето и дополнителни трошоци.

Усогласување со Правилникот за минималните стандарди

Усогласување со Правилникот за минималните стандарди на информациските системи на друштвата за осигурување…

Препораки

Factsheets

Net.ITSM

Net.ITSM претставува разбирливо решение за имплементацијата на ITIL кое се базира на BS15000/ISO20000* стандардите.

Net.QMS

Net.QMS е решение на Нет.Бит за воведување на системи за управување со квалитетот во организациите според стандардот ISO9001:2000.

Net.InfoSec

Net.InfoSec е решението на Нет.Бит за имплементација на системи за управување со безбедноста на информациите и деловните процеси во фирмите и установите.

Препораки

Закажи Термин Со Нашите Експерти

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.