Embargo
Siron EMBARGO
Проверка на извршителите на трансакциите со т.н. „црни листи“
Спречувањето на финансирањето на терористичките организации е дополнителна одговорност на банките во усогласувањето со регулативата за СППФТ. Трансакциите се проверуваат дали се поврзани со меѓународни листи на лица поврзани со тероризам и трансакциите се блокираат. Siron Embargo го пребарува налогодавачот/налогопримачот на трансакциите по т.н. „црни листи“ (имиња и називи на терористи, терористички организации или криминалци). Притоа се користат голем број на меѓународни листи како што се:
- OFAC – Office of Foreign Assets Control : US Department of the Treasury;
- CFSP – EU Common Foreign Security Policy;
- HMT – Her Majesty‘s Treasury;
- UN – United Nations 1267 Committee’s Consolidated List;
- Federal Gazette (Bundesanzeiger);
Системот ги блокира транакциите во кои се пронајдени лица и организации од овие листи, додека вообичаените трансакции ги пропушта. Притоа се евидентираат сите проверки, чекори и мерки за секоја од трансакциите кои ќе бидат блокирани со што се обезбедува целосна транспарентност на АМЛ активностите и претставуваат доказ пред ревизорски контроли.
Основни функции:
- Проверка на сите трансакции од домашен и меѓународен платен промет во „реално време“ во однос на податоците на налогодавачи/налогопримачи на трансакциите по меѓународни „црни листи“\Процесирање на SWIFT и не-SWIFT, како и SEPA плаќања;
- Постапки за подетални проверки и софистицирана фази-логика за идентификување на криминалци и терористи;
- Правила за проверка на клиентите и листи за исклучување на клиенти заради намалување на обемот на лажни дојави;
- Кориснички подесувања на правилата без познавање на ИТ технологија;