Сите финансиски организации во светот ќе бидат афектирани од обврската за спроведување на Законот за даночна усогласеност на странските сметки на САД (Foreign Account Tax Compliance Act – FATCA).
Барањата кои произлегуваат од FATCA во врска со идентификација на клиентот и класификација, документација на комерцијалниот однос како и статутарни известувања на даночните власти на САД (Internal Revenue Services – IRS), како и националните даночни власти, одат многу подалеку од сегашните стандарди.
Во моментов, повеќето финансиски организации се ангажирани во изработката на стратешки – прелиминарни документи кои треба да се усогласат со FATCA и во разгледување на опциите за имплементација на истите.