Управување со лични податоци
Управување со лични податоци
ISO 27701 претставува меѓународно прифатен стандард кој поставува рамка за систем за управување со лични податоци. Имплементирање на ваков систем, во согласност со барањата поставени од ISO27701 им помага на организациите да прават тековна проценка и да ги намалат ризиците поврзани со процесот на собирање, одржување и обработка на личните податоци. Овој стандард е соодветен за секаков тип и обем на организации, особено оние кои како дел од своите активности управуваат со голем спектар на информации.
Имплементирањето и сертификација според стандардот ISO27701 е одличен начин да им се прикаже на клиентите, како и сите останати заинтересирани страни дека една организација има воспоставено систем за усогласеност со GDPR.
GDPR претставува регулатива поставена од страна на Европска Унија (ЕУ) која што наложува усогласеност со европските закони за безбедност и управување со лични податоци. Оваа регулатива ги опфаќа не само организациите кои ги извршуваат своите бизнис операции во рамките на ЕУ, туку сите организации кои како дел од свето дејствување собираат и обработуваат податоци поврзани со граѓани на ЕУ. Како резултат на тоа, организациите се обврзани да имплементираат мерки и процедури за да осигураат усогласеност со оваа регулатива.