RAS
SironRAS (Risk Assesment)
Проценка и управување со ризици за СППФТ
SironRAS им помага на банките да ја креираат својата анализа на ризици и постојано да ја развиваат понатаму. Идентификацијата, категоризацијата и проценката на ризиците за СППФТ се основа за сите понатамошни активности во банката за започнување и креирање на сеопфатни програми за анализи. Се воведуваат конкретни организациски и ИТ ориентирани мерки. Ова не се однесува само на индивидуалните контроли за ризиците од перење на пари. Фокусот на најбитните ризици исто така резултира со заштеди преку ефикасна алокација на ресурси и подлабоки проверки. Интегрирани работни чекори со проценка на ризиците низ сите оддели, документација за ревизорски проверки, како и опции за оценка на клиентите само ја надополнуваат вкупната слика.
Клучни функции:
- Системски базирана спецификација на интерната организациска и деловна структура;
- Постапка за идентификација, категоризација и рангирање на ризиците поврзани со обиди за перење на пари;
- Веќе дефинирани ризици од обиди за перење на пари;
- Мерки за превенција и минимизирање на ризиците, вклучувајќи функционалности за управување со активности и временски рокови;
- Поврзаност со SironAML за проверка на ефикасноста од мерките за анализа и надополнување на анализата од ризици со секојдневни статистички податоци.