Согласно законската регулатива, финансиските организации се должни да изработат и спроведуваат Програма за СППФТ. Програмата за СППФТ треба да кореспондира со меѓународната и домашната регулаторна рамка, а особено треба да опфати:
Идентификација на ризиците поврзани со клиентите и продуктите;
Идентификација на трансакциите ризични за СППФТ и поставување на индикатори за сомнителни трансакции;
Следење на статусните и другите промени кај клиентите;
Систем за известување до Управата за СППФТ;
Редовни обуки за вработените;
Периодични контроли за ефективноста на спроведувањето на програмата за СППФТ.
Како резултат на своето долгогодишно искуство и врвна експертиза во доменот на деловната усогласеност, Нет.Бит може да понуди услуги за изработка на програма за СППФТ која ќе ги опфати сите погоре наведени аспекти, вклучувајќи ги и потребните анализи, оперативни упатства и други документи.